Почитувани,
Лагите на СДСМ и Министерството за образование и наука повторно излегоа на виделина откако целосно не се спроведува најавуваната реформа во прво одделение со тандем наставници по предметот физичко и здравствено образование.
По распишаните огласи за вработување на наставници по физичко образование во одделенска настава во пет основни училишта во Прилеп истите веднаш се поништени поради наводни технички грешки.
Од која причина се поништени огласите за вработување?
Дали партиските кадри на СДСМ коишто се планирани за вработување не ги исполнуваат условите да бидат со работно искуство и положен стручен испит?
Зошто директорите спротивно на законот стануваат партиски послушници носејќи кривична одговорност?
ДПИ веднаш да излезе на терен, да ги провери огласите за вработување каде што ќе види дали постои прекршување на законите.
Со власта на СДСМ нема подобрување на квалитетот на наставата по физичко образование, ниту пак унапредување на физичките способности, моторните вештини и знаења од областа на физичката и здравствена култура, напишаа на Фејсбук од комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ.