Комисијата за заразни болести утре ќе одлучува за можно олеснување на мерките. Прва тема за дискусија на Комисијата за заразни болести ќе биде носењето маски на отворено, посочи денеска заменик министерот за здравство Илир Хасани кој исто така е за целосно укинување и на полицискиот час.

Хасани на денешното отворање на реновираното одделение за хронично болни во Психијатриската болница во Бардовци, посочи и дека сите мерки, кои се преземени, ќе подлегнат на уште една дополнителна ревизија. Ние како Министерство за здравство и како Влада, едвај чекаме да ги повелчеме мерките, но без да го ризикуваме здравјето на нашите граѓани, изјави Хасани.

Хасани нагласи и дека одлуката за олеснувањето на мерките ќе се донесе врз основа на епидемиолошката состојба во државата. Во однос на и натаму големиот број смртни случаи, за разлика од големото намалување на новозаразени со коронавирусот, заменик-министерот за здравство смета дека тоа се должи поради тоа што во болниците останале најтешките случаи со пролонгирана болест.

Според извештаите од министерството за здравство вкупно 249 пациенти се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава, а поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Реновираното одделение во психијатрискaта болница се отвора од сопственот буџет на болницата, а во него се третираат околу 40 хронично болни пациенти, посочи директорот Ќамил Ковачи.