Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани 89 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-27, Прилеп-1, Тетово-7, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-4, Свети Николе-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти и 7 починати. Оздравени пациенти се регистрирани во: Скопје-2, Прилеп-12, Велес-3. Починатите се од: Скопје-2, Куманово-2, Тетово-2 и Струга-1.

Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2315, бројката на оздравени пациенти е 1569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.

Ова е црн понеделник во Македонија. Државата со коронавирусот влезе во тешка криза додека власта наместо да се бори за здравјето на граѓаните се бори за брзи избори.