На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84-годишна пациентка од Прилеп, хоспитализирана на 17-ти мај.
Во ГОБ „8-ми септември“ починаа: 75-годишен пациент од Тетово примен на 24-ти мај, пациент од Куманово (71 година) примен на 26-ти мај и 58-годишен пациент од Скопје примен на 30-ти мај.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2492, бројката на оздравени пациенти е 1605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.