Денес 4 нови случаи во Велес од коронавирусот, соопшти денес на прес-конференција градоначалникот на општина Велес Аце Коцевски.

Тој истакна дека до сега во Велес има вкупно заболени 137 лица, од кои 10 се починати.

-Денес ќе биде објавено дека има 4 нови позитивни велешани. Двајца од нив се членови на исто семејство, еден е припадник на граничната полиција, од оној случај во Гевгелија со странскиот државјанин, и еден е од градската болница во Скопје и кластерот е од таму, истакна Коцевски.

Но, во статистиката која ја објави Министерството за здравство “фалат“ две заразени лица.  Министерот Венко Филипче денес соошти дека во Велес има две новозаразени лица.

Од почетокот на епидемијата во Велес и велешко вкупно има заболено 137 лица, од нив 96 се оздравени, додека пак 37 се активни случаи од кој 17 се наоѓаат на домашно лекување, а 11 се наоѓаат на Инфективното одделение во Велес. Двајца заболени сепренесени во ГОБ 8ми септември, а еден е на Инфективната клиника во Скопје и 10 починати велешани.