Утрово на сајтот Ворлдометар е објавено дека досега во светот вкупно се дијагностицирани 2 565 299 луѓе со коронавирус
Вкупно 2 565 299 луѓе во светот досега се дијагностицирани со ковид-19, од кои 177 775 починаа, а 696 779 се излечени, покажуваат податоците на Ворлдометерс.
Според тоа, активни случаи има 1 690 745 од кои 97 проценти или 1 633 448 се со лесни симптоми, додека 57 297 (3%) се во тешка состојба.
На прво место според бројот на заболени починати се САД со 819 175 случаи на заразени и 45 343 починати лица. Втора е Шпанија со 204 178 заразени и 21 282 починати, потоа Италија со 183 957 заразени и 24 648 починати.
Следуваат Франција со 158 050 заразени лица и 20 796 починати и Германија со 148 453 заразени и 5 086 починати.
Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“ објави дека во Германија во изминатите 24 часа потврдени се 2 237 нови случаи, додека во истиот период починале 281 лице. Како оздравени се регистрирани нешто помалку од 100 000 луѓе односно 4 200 повеќе од претходниот ден.
Од континентите, од коронавирусот најмногу е погодена Европа со 1 145 893 случаи од кои 108 003 веќе починаа.
Во Азија, бројот на заразени е 412 247 и 15 523 починати, по што следува Јужна Америка со 91 565 заболени до ковид-19 и 4 226 починати. Во Африка има 25 426 заболени и 1 197 смртни случаи.
Најмалку има во Австралија, со досега дијагностицирани 8 198 луѓе со коронавирус и 88 починати.