Во болниците во целата држава во моментов на лекување се 123 пациенти, од кои 7 се на респираторна машина, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, со што вкупниот број на хоспитализирани е 44. Од нив на кислородна поддршка се 23 пациенти, а на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 Септември“ во изминатите 24 часа се примени 6 нови пациенти, со што вкупно хоспитализирани се 23. На респираторна машина се 6 пациенти и уште двајца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани се 4, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4 лица и нема пациенти кои се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.