Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреисус во текот на вчерашниот ден изјави дека се надеваат кризата со коронавирусот да помине за помалку од две години. Тој направи споредба со шпанскиот грип кој се појави во 1918 година и за кој на светот му требаа околу две години за да го надмине. Гебреисус исто така посочи дека светот е сега поподготвен да се бори со вирусот, но предизвиците се сега поголеми.

– Сега нашата ситуација е таква што имаме повеќе технологија, но со поголемата поврзаност вирусот има поголеми шанси да се прошири, може да се движи побрзо. Но во исто време имаме и технологија и знаење да го запреме, рече Гебреисус.

Во светот со новиот коронавирус инфицирани се 23 222 635 лица, од кои 804 988 починале, а оздравеле 15 782 710 лица.