Со зголемувањето на бројот на заразени од Ковид-19, се полнат и болничките капацитети во Македонија. Зголемен е бројот на тестови, а се зголемува и бројот на граѓани кои имаат потреба и сакаат да се тестираат.

Министерот за здравство, Венко Филипче во денешната изјава за медиумите најави дека преку мој термин ќе бидат обезбедени дополнителен број на термини, а се обидувале и на што побрз начин да стасаат до брзите тестови. Лабораториите работат во три смени со цел да не се намали бројот на тестирањата и да се одржува темпото, вели тој, а посочи и дека не можат иако се обиделе, да влијаат врз цената на тестовите.

Министерството за здравство, пак интензивно работи на проширување на капацитетите за прием на пациенти инфицирани од Ковид 19. Освен модуларното одделение во Скопје кое веќе се полни министерот најави дека се прават подготовките за болницата во Козле и дополнителни капацитети во ГОБ 8-ми Септември.

Во координација со штипската болница дел од тамошните пациенти ќе се префрлуваат во Кочани. Во Прилеп, Битола и Охрид веќе се сместуваат пациенти на интернистичките одделенија, додека во Струмица за ковид позитивните веќе се подготвува првиот кат од новото крило.