Утринава голем број на пациенти кои гравитираат во реонот на поликлиника Бит Пазар, како и сите пациенти кои побарале помош во оваа поликлиника или одредена лабораториска услуга биле препратени кон поликлиника Букурешт. Оваа е невиден преседан, лабораторијата на поликлиника Бит Пазар која доколку се најде во состојба на итност или тешко повредени пациенти каде има потреба да се пружи помош, додека другите служби и доктори помагаат лабораторијата на оваа поликлиника за обични и едноставни барања како испитување на крвна група или некоја слична лабораториска услуга налик на крвна слика, нема да биде во можност да ја заврши односно реализира и доколку станува збор за животно загрозувачка состојба, пациентот може да го загуби животот.

Поликлиника Бит Пазар е главното седиште на директорот на Здравствен Дом – Скопје, Виктор Исијановски, кој што покрај  оваа поликлиника ги менаџира сите останати поликлиники под ЗД – Скопје, тој поради своето недоволно добро или неквалитетно работење, неуспешно менаџирање покажува неспособност да ги обезбеди основните средства за работа на сите сектори во една поликлиника, посебно за Лабораторијата која што според докторите а и пациентите е срцето на една ваква институција. Без резултати или меродавни показатели ниту еден доктор неможе да изведе заклучок и да дефинира или постави дијагноза. Поради тоа се соодветни и реакциите на пациентите и дел од персоналот во текот на денешниот ден за ваквата состојба во оваа градска, урбана и една од поглавните и побитни поликлиники во главниот град Скопје.

Од тука се наметнува прашањето, ако директорот на ЗД – Скопје не може да се грижи за поликлиниката Бит Пазар која е негова матична институција и каде се сместени неговите канцаларии  и секојдневно присутен, како тогаш ќе може да се грижи за било која друга поликлиника во градот или служба која потпаѓа под ЗД -Скопје кога таму можеби повремено или воопшто не доаѓа?

За крај само ќе ја пренесеме реакцијата и незадоволството од пациентите кои ги имаше во десетици утрово собрани пред поликлиника Бит пазар кои имаа потреба од лабораториски услуги.

-Жално е и срамно за директорот и за раководителите на оваа институција кога луѓе, пациенти, болни на возраст и од 70 и повеќе години да патуваат и да губат време и пари за лабораториски испитувања, шетајќи од поликлиника во поликлиника во потрага по дијагноза, во потрага по лек за своите здравствени проблеми, а власта и институциите притоа да не водат грижа за ваквиот однос кон оваа категорија на граѓани. Нема реагенси и сега сум упатена од докторите во поликлиниката да одам до карпош 4-ри за да може да направам испитувања за триглицеридите и шеќерот во крвта, а сум повозрасна и немам превоз, срамно е која негрижа ја презентираат одговорните во државата, кога ваквите работи ќе се средат? -посочува и прашува една повозрасна пациентка со која разговаравме пред поликлиника Бит Пазар.

Дали дадените ветувања на министерот Филипче дека реагенси се набавени и има, дека се е во ред и здравството функционира, дека лабораториите се покриени со основни матријали за работа е само уште една од низата лаги и манипулации на министерот за тендери, Венко Филипче?