Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала не е заразен со коронавирус, и покрај тврдењата на венецуелскиот весник „Ел Насионал“, кој напиша дека Аргентинецот е под карантин.
„Лажни вести“, напиша Ромео Агрести, новинар близок до Јуве, во коментар на Твитер.
– По гласините дека Дибала е позитивенза коронавирус, јас контактирав со него. Ова не е точно. Пауло е во одлична состојба. Сите играчи на Јувентус ќе бидат испитани во понеделник, изјави дописникот на ЕСПН – Андрес Ангула.
Единствениот играч на „бјанконерите“ за кој официјално е потврдено дека има коронавирус е Даниеле Ругани.
Како резултат, 121 лице од клупскиот персонал, вклучувајќи фудбалери и тренери, беа ставени во карантин.