Во текот на следните денови под влијание на Руската студена воздушна маса и понатаму во Македонија ќе имаме многу ниски температури, особено во утринските часови кога истите понекаде ќе се спуштат и до -15 степени, повторно има услови локално истите да се спуштат и под -15 степени.

Поради многу ниските температури и тоа како ќе има услови за појава на голомразица па токму поради ова на пешаците им препорачуваме крајно да бидат претпазливи каде и како се движат, исто така крајна претпазливост и за возачите, особено доколку минуваат низ планинските превои.

Нови врнежи од снег ќе има веќе од утре и тоа со слаб до умерен, понекаде  и со умерен интензитет со што ќе дојде до зголемување на снежната покривка.