Лекарската комора не може да и ја одземе лиценцата на директорката на Клиниката за кожни болести бидејќи во Законот за здравствена заштита не е предвидено како да се постапува ако некој доктор свесно го загрозува јавното здравје.

Такво дејствување подлежи на Кривичен законик, ако Судот наложи да и се одземе лиценцата на докторката, тогаш така ќе се постапи, соопштија денеска од лекарската комора.

Етичка комисија на Лекарска комора утре ќе одлучува дали Биљановска да добие опомена или пак јавна опомена. Засега не можат да и ја одземат лиценцата, само апелираат здравствените работници да се придржуваат до препораките на СЗО.