Престана да тече природната вода надвор од Неготино, којашто се смета за лековита, поради мал дефект и прекинат довод.

Станува збор за таканаречената солена вода, за која се смета дека има лековити својства. Пред неколку години беше изградена и чешма, а се досега неготинци, но и луѓе од други места, масовно полнеа вода во туби и шишиња.

– Да се собереме и да ја поправиме. Да обезбедиме доводна и одводна цевка за да може повторно водата да тече, а сите оние на кои им се допаѓа оваа вода, да можат и понатаму да уживаат во нејзиниот вкус, рече за МИА долгогодишниот планинар Александар Јованов Аџи.

Тој изрази надеж дека проблемот ќе биде надминат најбрзо што може.