Десетина невработени лица од струмичко ја почнаа обуката за лични и персонални асистенти за лица со инвалидитет и попреченост.

„Ќе дадеме базични обуки како и на кој начин да се справат со препреките на кои ќе наидат“, вели Тања Црвенковска, дефектолог.

„Ќе бидат обучени во давање на прва помош во домашни услови и надвор, превенција од повредување и самоповредување на лица со инвалидитет“, изјави д-р Иван Ефтимов, ортопед.

Станува збор за проект на Агенцијата за вработување во соработка со Црвениот крст. Лицата за време на обуката ќе добиваат надомест од 9 илјади денари, а по обуката и сертификати.

„Оние кои ќе ја завршат обуката успешно ќе добијат сертификат за личен и персонален асистент и ќе им бидат од голема помош на лицата со попреченост и телесен инвалидитет“, вели Ристо Ангелов – Агенција за вработување.