Заборавете на гладувањето и консумирајте ги овие намирници за да ги изгубите вишокот килограми.

Пилешко и мисиркино месо

Овие протеини ќе ви дадат долготрајно чувство на ситост и ќе се чувствувате задоволно по јадењето и нема да имате потреба да „грицнете“ нешто плус.

Јаткасти плодови и нивните масла

Јаткастите плодови се полни со здрави масти, влакна и протеини, што претставува совршена комбинација за одржување на енергија и ситост.

Јајца

Уште еден одличен извор на протеини и здрави масти, а со консумацијата на јајца се одржува и мускулната маса додека се согоруваат масти.

Млеко, јогурт и сирење

Млекото нуди голема количина на калциум кој ги гради коските (300 мг) и животински протеин (8гр), а не е неопходно да го изберете она со мала масленост за да уживате во него. Иако на тој начин ќе внесете повеќе калории, полесно ќе ги апсорбирате хранливите материи, вклучувајќи ги витамините Д и А.

Маслиново масло

Поголемиот дел од маслата за готвење се полни со мононезаштитени масти, околу 14 грама на една лажица, доволно за да ве одврати од непотребното грицкање и да ве засити. Особено е корино маслиновото масло кое се препорачува во секое јадење, освен при пржење бидејќи ќе ја зачади целата просторија.

Масни риби

Лососот, туната и скушата се риби кои ќе ви помогнат во изградбата на мускулите и ќе ве одржат сити. Лососот е полн со омега – 3 масни киселини кои помагаат при намалувањето на воспаленија и согорување масти.

Чили пиперки

Капсаицин, составниот дел на чили пиперчињата поради кој се толку лути, се покажал како помош при слабеењето бидејќи лесно го убрзува метаболизмот. Нема да ви помогнат премногу при согорувањето на масти, но можат да му помогнат на метаболизмот во процесот на слабеење.