Британските здравствени власти им препорачуваат на луѓето на средна возраст да одат брзо, за да го намалат ризикот од тешки болести.
Само 10 минути брзо одење на ден е многу корисно за здравјето, и го намалува ризикот од рана смрт со 15 проценти, од рак – со 20 проценти, од деменција – со 30 проценти, од кардиоваскуларни болести – со 35 проценти, од дијабетес – 40 проценти. Сепак повеќето луѓе се движат сè помалку, откако ќе наполнат 40 години.
“Знам многу добро дека справувањето со приоритетите во секојдневнието го турка во позадина спортувањето – вели д-р Џени Харис, заменик-директор на англиската служба за јавно здравство. – Меѓутоа, ако човек отиде пеш до продавница или во паузата за ручек оди брзо 10 минути, ќе ги продолжи годините во добра здравствена состојба “.
За да ги поттикнат луѓето да се движат повеќе, британските здравствени власти пуштаат бесплатна апликација The Active 10. Таа им помага на корисниците да вклучат повеќе движење во секојдневниот живот со совети и мотивациски стимуланси.