Министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес-конференција истакна дека уште не сме влезени во периодот кога пикот на најмногу заразени пациенти со коронавирусот е поминат. Според него, останува прогнозата дека врвот на епидемијата се очекува на крајот на месецот април или почетокот на мај.
Според податоците од Институтот за јавно здравје во Македонија официјалната бројка на лица позитивни на коронавирусот е 1.231. Во текот на вчерашниот ден потврдени се нови седум случаи во Куманово- 2, Тетово- 3 и Кочани- 2.
Вкупиот број на оздравени лица е 224, а во земјава регистриран и 55 смртни случаи.
Потврдени случаи на Ковид-19 има во 24 градови во Македонија. Од вкупниот број на заболени лица најголем дел се регистрирани во Скопје и Куманово.
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 584 машки и 647 женски лица.
Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (медијана – 45 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 255. Кај лица над 60 години регистрирани се 248 случаи. Најниска инциденца од 21,8 и 20,4 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 50 и 51 случаи соодветно.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,5%), кашлица (53,7%), малаксаност (33,5%), треска (18,4%), главоболка (16,9%), болка во грло (15,9%) и отежнато дишење (14,4%).
Кај 426 или 34,6% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Регистрирани се 210 (17,1%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Според исходот од заболувањето, кај 952 лица (77,3%) се активни случаи, 224 случаи (18,2%) се водат ако оздравени (23 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување.
Од 15-ти февруари во Македонија направени се вкупно 12.340 тестирања.