Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-90, Куманово-17, Дебар-6, Штип-9, Прилеп-3, Тетово-12, Струга-12, Битола-2, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-5, Струмица-2, Радовиш-1, Крушево-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Свети Николе-24, Кичево-3, Ресен-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица од: Скопје-94, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-9, Струга-1, Охрид-6, Гостивар-2, Крушево-1, Македонски Брод-1.
Починати се 8 лица, еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се тројца пациенти на возраст од 24, 63 и 64 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка на возраст од 54 години. Во КБ Тетотво починати сe двајца пациенти на возраст од 70 и 74 години. Во Струга во Завод за нефрологија е починат пациент на возраст од 56 години, во ОБ Струга почина пациентка на возраст од 83 години.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 деца позитивни и 4 деца со мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 111 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.