Македонија влезе во рецесија, над 50 илјади граѓани ги загубија своите работни места

Македонската економија влезе официјално во рецесија што се потврди и од официјалните претставници и од гувернерката на Народна банка, Анита Бежоска. Првично проектираниот пад на економијата од 3,5 проценти Народната…

Македонската економија влезе официјално во рецесија што се потврди и од официјалните претставници и од гувернерката на Народна банка, Анита Бежоска. Првично проектираниот пад на економијата од 3,5 проценти Народната банка го ревидираше на пад од 4,9 проценти во последните макро економски проекции.

Ова според гувернерката на Народната банка се должи на послабите остварувања во првата половина на годината и оценките за побавно закрепнување во втората половина, поради вториот бран на пандемијата. За македонскиот народ ова значи понизиок животен стандард. Владата на премиерот Зоран Заев наместо ветуваниот живот донесе сиромаштија и невработеност.

Новите податоци за економијата се катастрофални, македонската економија има подлабок пад за 2020 година од очекуваниот што е доказ за неуспешното справување со економска криза во државата. Македонската економија има пад од 5,9 проценти во трите квартали на 2020 година, во однос на истиот период во 2019.

Моментално имаме буџетска дупка од 920 милони евра, раст на јавниот долг за 10 процентни поени до ниво од 60 проценти од БДП, кое станува критично, а имаме пад на македонската економија од високи 5.9 проценти. Македонските граѓани живеат во сиромаштија, нема капитални инвестиции, нема инвестиции во инфраструктурата.

Над 50 илјади граѓани ги загубија своите работни места во последните 10 месеци. Намалување на бројот на вработени и зголемување на невработеноста е резултатот со кој ќе мора да се справуваат македонските граѓани.


Related Articles