Според информации од еден македонски портал во министерството за здравство беа отворени понудите доставени од медицинските компании за имунизација на населението. Но не се читале јавно сите документи од договорот, така што јавноста не знае кој понудувач со кој производител има договор.

Самото отворање на понудите поминало во тензичка атмосфера со обвинувања за фаворизирање на одредени производители и забелешки за технички пропусти кај конкуренцијата.

Пет компании, меѓу кои и „Македонијалек“ му понудија зделки на министерството за здравство за набавка на вакцини, раствори за вакцини и други трошоци поврзани со имунизацијата. Целиот тендер тежи 10 милиони евра, а меѓу нив е и набавка за вакцини против морбили. За сите делови од тендерот за набавка на различни вакцини, меѓу кои што и оние против морбили, се пријавија пет фирми: „Македонија лек“, „Феникс фарма“, „Елбијор“, „Пановски“ и „Алкалоид Конс“.

Со овој тендер ќе се набават повеќе различни вакцини, раствори и слично. Најмногу понуди, вкупно осум поднеле компанијата „Елбијор“, компанија која е релативно понова на пазарот на фармација и која што тендерите со крупни милионски суми почнува да ги добива во последните две години. Седум понуди поднесоа и компаниите „Феникс фарма“ и „Македонија лек“. „Алкалоид Конс“ поднеле понуди за 3 дела и „Пановски“ за еден дел од тендерот.

Според овие информации кои произлегоа и се обелоденија во јавноста се поставува прашање „Македонијалек“ од кого ќе носи вакцини? Дилемата се јавува откако министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали компанијата „Македонија лек“, која е една од фирмите која конкурирала на тендерот и дали постои можност повторно да го добие, имајќи предвид дека е под истрага на Обвинителството, тој рече дека таа компанија веќе не ги претставува вакцините на „Глаксо Смит Клајн“ и дека е застапник на некои други вакцини кои претходно ги носела од други производители.