Македонските граѓани ќе ги почекаат ветените 8000 дози на вакцини од компанијата Фазер кои требаше да ни ги достават од Србија. Причината за доцнењето е нецелосната документација која го запре конвојот на граничниот премин Табановце.

Од македонската влада посочуваат дека се во постојана комуникација со српската влада на која од компанијата Фајзер им била побарана додатна техничка документација. Испораката се очекува да биде доставена друг ден веднаш штом се испочитува процедурата.

– Примопредавањето на пратката беше одложено од техничка причина. Двете влади се во постојна комуникација и сме известени дека документацијата од страна на земјава е целосно комплетирана. Во моментов се очекува во најбрз можен рок компанијата Фајзер да издаде документирано одобрување до Република Србија после што веднаш ќе се реализира примопредавање. Откако вакцините ќе влезат ќе биде обезбедена домашната докуметнација и за таа процедура не постои никаков проблем“, се вели во соопштението на македонската влада.

Инаку според најавата на Владата, денеска на граничниот премин Табановце точно во 14:00 часот, претседателот на Србија, Александар Вучиќ требаше лично да ја достави донацијата на премиерот Зоран Заев.