16- годишно момче од Скопје најверојатно пробало од опасната кристал мет и пред велигденските празници завршило на Токсикологија.

Според симптомите што ги имал лекарите се посомневале дека користел од смртоносната синтетичка дрога, за која полицијата откри дека илегално била произведувана во скопски Грчец.

Пациентот два дена бил вонемирен  и со препотување. Токсиколозите останале само на сомнежот бидејки во  нивната лабораторија можат да потврдат присуство само на познати дроги.

-Пациентот рече дека шмркнал две три црти нешто што било непознато и за него. Потоа се јавуваат тие симптоми кои одговараат и на клиничката слика. Но синтетичките дроги одат еден чекор пред нас и затоа лабораториски не можеме да докажеме која е, вели др. Нестор Поповски од Клиника за Токсикологија

Доктор Поповски вели дека се чуделе со колегите што е причината за ваквата состојба на пациентот бидејќи не докажале присуство на кокаин кој ги давал истите знаци на вознемиреност. Токсиколозите со предупредување до младите дека кристал мет предизвикува трајни оштетувања во организмот и фатален крај по само две години користење.

-Ова е една од поопасните дроги. Најчесто доаѓа до оштетувања во мозокот. Во зависност од дозата е и смртоносна, вели др. Поповски

По откривање на малата лабораторија за производство на смртоносната дрога во Грчец, полицијата поднесе кривични пријави и 30 дневен притвор за двајца осомничени од кои едниот е во бегство.

Од МВР засега без информации дали и колку од овој призвод завршил на македонскиот ЦРН пазар. Кртистал мет е нарекувана кокаин за сиромашните и веќе е распространета на европскиот и американскиот пазар.