Манојлоски: Свесно чекате избори за да го зголемите буџетот и платите на здравствените работници, а „План за Живот“ и натаму нема реализација

На денешната собраниска седница за финансирање на буџет, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојловски, ја запраша пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска и побара да одговори што е со вакцините со поминат…

На денешната собраниска седница за финансирање на буџет, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојловски, ја запраша пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска и побара да одговори што е со вакцините со поминат рок, до каде е истрагата за тоа и зошто јавноста се уште не е запознаена.

-За инсулините кажавте дека е зголемен буџетот, но на јавноста не и одговоривте  што стана со тој инсулин што е уништен кој што се уште имаше важност, инсулин за кој што знаеме дека максималната важност на употребливост на еден инсулин е 30 месеци. Овој што е уништен беше со рок до 7-ми месец 2020 година, што значи дека е набавен во ваше време. Зошто за ова нема епилог и зошто јавноста не е известена соодветно на ова?, праша пратеникот Манојловски.

Имено тој во своето обраќање потсети и на тоа дека е кажано дека оваа влада има определено средства за реконструкција  на болницата во Струмица и доопремување на болницата во Кичево.

– Да работевте на болницата во Струмица одамна ќе беше завршена, додека за болницата во Кичево треба само да се набави медицинскиот мебел кој што е потребен за да профункционира. Но како и за се друго така и за ова велите „ќе“. Така и ова, свесно чекавте да дојде предизборна година за да се зголеми буџетот и платите. Од аспект на платите за здравствените работници треба да ве потсетам да си го прочитате одново „Планот за живот“ од 133-та до 140-та страна,  што се ветивте од аспект за здравството и точка по точка да им одговорите на здравствените работници и на сите жители на Македонија до кај сте со реализација на таа програма, потенцираше Манојлоски.

Пратеникот во своето обраќање рече дека коректно е СДСМ да кажат дека мерката со која пензионерите кои земаат помалку од 14.000 денари пензија се ослободени од партиципација е мерка која е ставена на сила уште во 2015 година.

– Во вашата програма ветувате бесплатно болничко лекување  за сите, до кај сте со исполнување на тоа ветување?, додаде Манојлоски.

 


Related Articles