Во полошкиот регион се намалува возрасната граница на пробатели на психотропни супстанци. Ужавателите на марихуана се на возраст од дури 11 години.

Од Центарот за Социјални работи Тетово, велат дека децата се љубопитни, а родителите се помалку комуницираат со нив и не внимаваат на нивниот здрав психолошки развој. Детето спасот го гледа во мобилниот телефон чија честа употреба делува антисоцијално.

Превентивата и секојдневната комуникација е најдобро решение децата да го најдат вистинскиот пат.

Од СВР Тетово, велат дека во нивните акциски контроли се почесто има малолетници кои се јавуваат како дилери и пробатели.

За првите девет месеци од годинава на полошкото подрачје откриени се и пријавени 134 кривични дела од областа на недозволена трговија со наркотични дроги односно двојно повеќе во споредба со истиот период лани. Во нив биле инволвирани 139 лица, а откриените кривични дела во овој период заокружени се со 125 кривични пријави.