Маслиновото масло и лимонот се секоја за себе многу здрави намирници, но во комбинација прават чуда за организмот и спречување болести. Лимонот е намирница богата со витамин Ц, кој е веќе добро позната состојка во борбата против болести, нега на кожата и помага во намалување на лошиот ЛДЛ-холестерол.

Маслиновото масло е богато со витамин Е, антиоксиданти и масти што помагаат при многу хронични заболувања на срцето, црниот дроб и на многу други органи. Овие две намирници заедно сочинуваат антивоспалителна „бомба“ што треба да се консумира секој ден. Дознајте како функционира оваа комбинација и како да ја користите.

Утринска рутина
Пијалакот за чистење на црниот дроб е многу едноставен. Сè што ви треба е една лажичка исцеден лимон и маслиново масло, кои треба да ги измешате заедно и да ги пиете секое утро на празен стомак. Потоа можете да појадувате.

Вашата кожа ќе изгледа подобро, подочниците и дигестивните проблеми ќе се намалат или исчезнат.

Помагаат при запек
Почнете го денот со чаша вода измешана со сок од лимон и две лажици маслиново масло. Тоа не само што ќе го ублажи запекот, туку и ќе го зајакне имунитетот.

Го чистат телото
Антиоксидантите и полифенолите во маслиновото масло и сокот од лимон би можеле да се наречат и „чистачи“, бидејќи ги неутрализираат штетните слободни радикали, кои инаку предизвикуваат оштетување на клетките и придонесуваат за појава на болести.

Секое утро земајте по една лажица маслиново масло и сок од лимон.

Спречување на формирање камења во жолчката
Јадењето здрави масти, како што е маслиновото масло, може да помогне во спречување на настанување камења во жолчката, додека недостигот на витамин Ц е поврзан со зголемен ризик од развој на камења.

Овие две намирници можат да помогнат во разградувањето на постојните камења. Една доза треба да содржи мешавина од сок од еден лимон и една лажица маслиново масло. Добро измешајте, пијте наутро, пред јадење, најмалку неколку недели. Ова исто така помага и во разбивање на камењата во бубрезите.