Дали матичните лекари ќе протестираат или не ќе одлучи УО на ЗПРЛМ деновиве. Според информации на zdravstvo.mk, постои голем револт кај лекарите за предлогот на директорите на ФЗОМ за враќање на хартиениот ИЛ образец. Реагираат дека не може секој ден да одат во подрачните на ФЗОМ за да пријавуваат пациенти.  – Јас сум сама во општината и замислете да треба да одам во подрачна, тоа ми е со километри далеку, тогаш кој ќе ги прегледува и лекува пациентите. Тоа не е возможно, реагира една лекарка од внатрешноста.

На средбата пред неколку денови во просториите на ЛКМ, директорите на ФЗОМ излегоа со предлог – период од 35 дена во кој здравствената установа ќе има можност да вработи лекар и дополнителни три месеци за ново вработениот доктор да ги контактира и да ги префрли осигурениците кај него. Ова е решението што Фондот им го нуди на матичните лекари како одоговор на нивното барање осигурениците да бидат прикрепени за здравствена установа, а не за избран лекар.