Секој маж над 50 години мора да прави специјалистички прегледи, вели Влатко Филипов, специјалист уролог во Клиничка болница-Штип. Статистичките податоци, како што посочува, покажуваат дека поради тоа што мажите ги избегнуваат прегледите се регистрираат и поголем број случаи на карцином на простата.
„Основните прегледи кај уролог се вршат со претходна припрема кај матичниот, со правење на ехо и лабораторија со ПСА тумор и со тие два документа, пациентот треба да се јави на уролог. Пациентите не се јавуваат навремено, значи имаме пациенти кој во последната статистика од 300 направени биопсии, 200 се со карцином и од тие 200, 180 се со касни откриени карциноми, што значи голема е бројката на пациенти, кој касно се јавуваат на уролог. Така што, со новите методи имаме драстичен раст на ново откриени пациенти со карцином на простата“, вели Филипов.
Податоците се однесуваат за прегледите во рамките на Клиничка болница на Одделението за урологија. Филипов забележува дека мора да се работи на свеста кај машката популација над 50 години да прават основни прегледи кај уролог.