Компанијата Мерк соопшти дека ќе започне нова студија за лекување на вирусот ХИВ со лекот Ислатравир, неколку месеци откако Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го стави истражувањето на чекање поради загриженост за безбедноста на лекот.

ФДА го прегледала и одобрила планот за проучување на користењето послаби дози на лекот и тоа еднаш дневно во лекувањето на ХИВ пациентите, соопштуваат од Мерк, а пренесуваат светските медиуми. Производителот на лекот, пак, соопшти дека развивањето на едномесечна доза на лекот Ислатравир за превенција на ХИВ инфекциите се суспендира.

ФДА во декември минатата година, ставила шест студии поврзани со лечење на целосно клиничко чекање и седум на делумно, со објаснување дека компонентата на имуниот систем која помага во борбата против инфекциите е на ниско ниво кај некои пациенти.

Мерк посочува дека ќе продолжи со испитување на користењето на ниски дози на лековите Ислатравир и Ленакапавир, лекови на компанијата „Gilead Sciences“, кај возрасни лица заразени со ХИВ. Некои студии кои користат Ислатравир во поголеми дози остануваат на клиничко чекање.