Германската канцеларка Ангела Меркел побара во државата да се откажат „помалку важни собири“ со помалку од 1.000 луѓе во борбата против спречување на ширењето на новиот коронавирус.

– Јавните контакти треба да се избегнуваат колку е можно повеќе, изјави канцеларката по состанок во Белрин со регионални официјални лица.

Според неа, треба да се сочува функционирањето на државата и основните економски области треба да продолжат со работа.

Во Германија досега се евидентирани 2.369 заразени и петмина починати. Таа за денеска најави нови „многу важни мерки“ за поддршка на економијата.