Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Аеродром, на новинарско прашње за став околу комисијата која Министерството за здравство ја најави за расчистување на случајот „Нечиста крв“ одговори дека најдобар начин да се заташка некоја работа е да се формира комисија и тогаш таа ќе се разводени и резултатот од работата на таа комисија можеби и никогаш нема да се види. Тој што го советувал министерот го советувал погрешно или пак не сакам да констатирам, но ако тоа го направил свесно тогаш ќе биде во јавноста можеби и како соучесник во целиот овој процес, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше и дека за овој случај наместо да се формираат комисии и да се развлекува, требало веднаш да се реагира и да се расчисти.

– Требаше да се реагира според мене многу робусно, веднаш, а не да се формираат комисии и жалам повторно што министерот најверојатно некој го советувал погрешно, но тоа е што е, во Македонија овие политичари за да ја распродаваат, како што ја распродаваат, единствена цел им е да останат ден повеќе и да ги користат привилегиите кои што им ги дава народот или да бидам попрецизен да крадат и забораваат дека ќе дојде денот кога ќе се соочат со одговорност. Јас паметам и други времиња и други политичари кои што мислеле дека вечно ќе траат во политиката, но дошол денот кога се соочиле со одговорноста. Тоа што го правите сега, многу скоро во иднина ќе има влијание без разлика дали е тоа позитивно или негативно. Мислам дека од погрешен чекор во погрешен влегуваат и само дополнително забраздуваат во проблемите, но тоа е нивна работа. Наша работа е што можеме да поправиме од тоа што може да се поправи, а потоа да добиеме мнозинство од граѓаните и овие грешки од изминативе 5 години да ги санираме“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ако не се случи тоа ќе останат крадците таму каде што се без одговорност, а народот се помалку ќе го има во Македонија, а Македонија ќе се празни.