Гевгеличанец фатен кај селото Прдејци со седуммина мигранти од Авганистан на возраст од 18 до 38 години во неговото „ сузуки свифт“. Во четвртокот жител на скопско Арачиново е фатен кај селото Смоквица со седуммина мигранти од Авганистан и Шри Ланка во неговиот “голф“. Речиси и да нема ден без информација во полициските билтени за откриени мигранти во автомобили и комбиња на криумчари, на пат кон северната граница.

Хуманитарката и активист Ленче Здравкин од Велес вели дека „Балканската рута“, иако официјално затворена, сеуште постои барем на мапите на мигрантите. Бројката на мигранти, според Здравкин, не е голема но е константна.

Министерот Спасовски смирува. Тој тврди дека нема опасност од нов бран на бегалци и повторување на бегалската криза. Сепак споредено со минатата година бројот на мигранти и обиди за илегален влез во нашата држава е зголемен.

Сепак тој откри дека на јужната граница полициските патроли неделно пресретнуваат над 500 мигранти кои сакаат да влезат во Македонија

Покрај сите случувања и секојдневни влегувања на мигрантите, иако тоа е дел од министерството за труд и социјална политика министерката Царовска како да незнае што и како треба да постапи, како треба да реагира и недостасува односно нема било каква нејзина реакција. Царовска молчи наместо да објасни колку бегалци има во државата и што се случува со нив?