Со новата социјална реформа предвидено е едно четиричлено семејство да добива “семеен пакет“ во вредност од 10.600 денари. Тие ќе примаат 6800 денари како гарантиран приход, 1600 денари детски додаток, 1700 образовен додаток и 500 денари додаток за енергетика. Право на овој социјален пакет имаат само семејствата кои примаат социјална помош и но и семејства со одредени приходи.

Тричлени семејства со приходи до 11.400 денари

Четиричлени семејства со приходи до 13.800 денари и

Петочлени семејства со приходи до 15 илјади денари

На прашањето дали државата има капацитет да се соочи со оваа реформа, министерката за труд и социјална политика рече дека се издвоени 2 милијарди денари за истата.

Семејствата, чии деца кои не одат во училиште немаат право на овој социјален пакет. Поради тоа, министерката за труд и социјална политика вели дека оваа мерка пред се ќе влијае децата да следат наставно-образовен процес за потоа да се вработат и да немаат потреба од социјална помош.

Царовска вели дека доколку семејството има обврска да го испрати детето во училиште или дневен центар со цел да го добие овој трансфер, директно ќе влијае да се намали бројот на деца кои се на улица. До сега екипите евидентирале 186 деца по улиците меѓу кои и 18 бебиња. Инаку, социјалната помош до сега изнесуваше околу 3 илјади денари и децата не примаа образовен и детски додаток. Од среда сите граѓани кои ги исполнуваат условите за семеен пакет можат да се пријават во локалните социјални центри.

Но, никаде не посочува министерката ако има доволно пари за спроведување на социјалните реформи, зошто тогаш им го крати на родителите надоместокот за трето дете.  Каде е Царовска да посочи дека парите кои ќе ги обезбеди со кратење на надоместокот за трето дете се истите пари со кои ќе ги прави социјалните реформи? На едни ќе скрати на други ќе даде, наводно со некоја добра цел, а всушност разликата од 16 мил евра е вистинската причина за социјалните реформи.

30 илјади домаќинства во Македонија деновиве го изгубија надоместокот за трето дете. Како мисли МТСП, министерката и оваа влада да се справи со гневнот на овие луѓе или како мисли да им се реваншира за нанесената штета? Не е социјална реформа на некого да се скрати, туку напротив да остане надоместокот за трето дете за тие што го оствариле до сега и да се продолжи со обезбедување на останатите социјални реформи, тоа е министерство и министерка што мисли на ранливите категории на граѓани, ова не е!