Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска (понеделник, 09.03.2020 година), во 16:30 часот, ќе одржи прес-конференција во Медија центарот во Владата.

Се очекува да информира за состојбата со коронавирусот во Македонија.

Денес, на претходната прес-конференција, тој информираше дека директорка на скопска клиника е позитивна на коронавирус.