Повикани се граѓанските здруженија да се вклучат во мониторирање на постапките за јавни набавки. Тоа значи дека и пациентите ќе имаат целосен увид во тендерите за лекови. Сметаме дека не треба да има наметнато решение, треба сите да се согласни дека тоа е решението кое што најмногу им е потребно. За таа цел во сите досегашни постапки на подготовка на тендерската документација во однос на количините и типот на лековите, конкретно за ретките болести беа присутни сите здруженија во кои членуваат токму пациенти или родители на пациенти со ретки болести. Не само самата постапка туку и подготовката на постапката за јавни набавки е транспарентна и отворени сме тие луѓе кои се директно засегнати од тоа да имаат увид во постапката“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Со целосна транспарентност на постапките за јавни набавки, според Филипче и ќе се интензивира и борбата против корупцијата.

„Со увид во ризик факторите при процесот на јавните набавки ќе се намали ризикот од судир на интереси. Целата е навреме да се согледаат ризиците и судирот на интереси, за да се спречи непотизам и блиски контакти со компании и пријатели. Се прават анализи во промената на самите тендерски постапки, се проценуваат потребите од самата количина на лекови, за да се намали потребата од интервентен увоз.

Кој се тие граѓани што може да знаат какви се не манипулации си подготвен и спремен да направиш и од кај ќе знаат тие што е тендерска постапка и на кој начин таа се одвива па сега да продаваме басма дека ете се е транспаретно и отворено за сите. Министре знаеме ние граѓаните како сме третирани од вас не забораваме, ситни сме во вашите очи но вие мислите дека со кажување и пакување на вака неколку збора дека тоа ќе смени нешто кај нас или дека нема да ја разбиеме и дознаеме таа ваша провидност. Се се гледа, се се знае, ве следиме министре како (не)работите!

Што побрзо дадете оставка толку подобро ќе спиеме – порачаа граѓаните на Македонија, пациенти во дел од клиниките низ републиката.