Пациентите на скопските клиники најмногу се незадоволни од чекањето на ред за преглед со часови, а здравствените услуги не ги довиваат на време. Поради ова последната анкета на Телма и МЦМС објавена во понеделникот, покажа дека министерството за здравство е најлошо оценeто од сите министерства.

На една година од работата на новата Влада, граѓаните се најнезадоволни од работата на Министерството за здравство. Дури 50% од испитаниците велат дека не се задоволни од здравствените услуги коишто ги добиваат.

Министерот за здравство Венко Филипче пак наместо да превземе ургентни мерки за да го подобри јавното здравство повика на трпение и им порача на пациентите, но само со зборови дека се работи на подобрување на здравствените услуги.

„Свесни сме дека граѓаните се нетрпеливи затоа што долго време чекале да видат некаква промена во здравството. Напорно работиме и имаме план, ќе земеме уште некое време. Поддржан ни е планот како од Светската банка така и од Светската организација“, вели Филипче.