Скоро секој ден се појавуваат нови информации за здравјето и правилната исхрана што е добро, што е лошо, што да се јаде, а што целосно да се избегнува. како резултат на слаба едукација и мрзеливост, стапката на гојазност никогаш не била поголема.
Оние кои водат сметка за исхраната и тежината веројатно ќе ја ограниат или во целост отстранат консумацијат ана шеќер во исхраната, заменувајќи ги со „поздрави“ опции како шеќерна трска, вештачки засладувачи и производи „без шеќери“ кои се подобри.
Меѓутоа, дали е тоа така?
Еве неколку митови кога станува збор за шеќерот.
- Мит број 1 – Некои шеќери се поздрави од останатите
Кафеавиот шеќер, белиот шеќер или сировиот – сеедно е. Сите видови шеќери на организмот му го прават истото – го подигаат нивото на глукоза.
- Мит број 2 – Шеќерот ги прави децата хиперактивни
Досегашните студии не довеле во врска детска хиперактивност и консумација на шеќери. Понекогаш станува збор за фактот дека децата сепак се деца.
- Мит број 3 – Шеќерот создава зависност како дрога
Магнетните резонанци покажуваат дека шеќерот влијае на центрите во мозокот одговорни за чувство на задоволство, но не постојат докази дека тоа создава зависност. Покрај тоа, секако нема да имате исти симптоми по внесувањето шеќери во организмот и консумација на дрога.
- Мит број 4 – Шеќерот во целост треба да се елиминира од исхраната
Иако премногу шеќер може да го наруши здравјето, него го има и во здрави намирници како овошје и зеленчук. Затоа немојте во целост да го елиминирате од исхраната.