Кога е убавината во прашање, многу совети сме ги прифатиле без да размислиме од каде доаѓаат и дали воопшто се точни.

Така, сигурни сме дека на топлина порите се отвораат, дека не треба да го триеме парфемот зглоб од зглоб или дека бричените влакна се задебелуваат.

Според многумина стручњаци за шминка и убавина, следниве верувања се всушност само митови:

Пареата ги отвора порите на кожата

Порите не можат да се отвораат и да се затвораат. Под влијание на топлината и пареата, површинскиот слок од кожата набабрува и поради тоа порите стануваат повидливи. Во исто време, содржината од полните пори омекнува и лесно може да се истискаат.

Наместо тоа, редовно применувајте пилинг и миење со соодветно средство и никогаш не оставајте ниту ронка шминка на своето лице.

Шминката создава акни

Од една страна, шминката е совршена за прикривање на недостатоците на лицето, но ако не се отстранува, ги затнува порите. Така, слободно шминкајте се, но секогаш отстранувајте ја шминката од лицето.

Од бричење, влакната ви се задебелуваат

Фоликулите не можат да се прошират, што им да и правите. Влакната изгледаат подебели поради тоа што ги бричете од спротивната насока на растот, односно пресекот е закосен.

Со редовно шишање, косата расте побрзо

Иако популарното верување е дека ако редовно ја шишате косата, придонесувате побрзо да расте, во тоа нема никаква вистина. Брзината на растот зависи од тоа како се храните и колку се здрави и силни фоликулите на влакното.