Рекордни нула проценти економски раст, нула инвестиции, сиромашни граѓани. Македонија е шампион во Европа по дното во економијата и врвот на корупцијата. Христијан Мицкоски му порача на Зоран Заев да се разбуди, зашто земјава тоне на економски план.

Мицкоски предупреди дека граѓаните бараат програма и нејзина реализација, а не егзиционистички политики и тргување со националните интереси. Економските параметри според него се поразителни. Владата вели не гарантира подобар живот за граѓаните. За плата од 500 евра, па и на крајот на вашиот мандат – дури и тоа да бидат редовни парламентарни избори во 2020, ќе треба да имате номинален раст на платите за 11% годишно, му рече Мицкоски на Заев.

  • Чесно е да кажете „Луѓе, згрешивме. Ја утнавме работава, ве излажавме“. Чесно е тоа да го кажете, истакна Мицкоски.

Мицкоски алармира и за сериозниот пад на капиталните инвестиции кои во првиот квартал изнесуваат само 7,4%. Градежништвото некогаш беше мотор на растот, но сега тоа го влече во негатива. Предупреди и од сериозен проблем во делот на странските инвестиции кои замреа со доаѓањето на новата власт.

Заев пак се правда дека во моментов преговарале со 200 потенцијални инвеститори и дека очекувал подобри резултати со изедначувањето на условите за домашните и странските инвеститори.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ најави дека граѓаните многу скоро ќе станат сведоци на нивната програма и проекти со чија помош ВМРО ДПМНЕ ќе се врати на власт. Дотогаш како конструктивна опозиција ќе останат во парламентот жестоко да се борат за интересите на граѓаните.