Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалната мрежа фејбук објави дека обезбедил донација од заштитна маска и медицински ракавици од премиерот на Република Словенија и претседател на СДС која е сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, Јанез Јанша.

Во целост ви го пренесуваме неговиот фејбук статус:

Во вторникот остварив телефонски разговор со премиерот на Република Словенија и лидер на нашата сестринска партија СДС, Јанез Јанша.Разменивме мислења и информации за актуелната политичка состојба, а пред се се осврнавме на заедничките предизвици со пандемијата на корона вирусот, со кои се соочуваат двете држави.Побарав од премиерот Јанша, да помогне Словенија во рамките на своите можности и капацитети. Денес, на скопскиот аеродром пристигна првата помош во заштитни маски и медицински ракавици од земја членка на Европската Унија, Република Словенија.

Во таа насока сакам да изразам јавна благодарност до нашиот пријател и пријателот на Македонија – Јанша за помошта и тоашто за брзо време се испорача помош која во овие моменти ќе биде значајна за луѓето кои се во првата линија во борбата против заразната пандемија.Ова е време кога сите вистински треба да ја покажеме солидарноста и хуманоста на дело и на начин на којшто можеме да помогнеме во надминување на оваа тешка криза. Секој според можностите и преку средства со коишто може да придонесе, затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија, стои во фејсбук статусот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.