Откако пред некоја недела излезе информацијата дека МТСП и министерката се пожалиле дека поголем број на дечиња се незгрижени од градинките, чекаат место и неможе да посетуваат градинка бидејќи и вака нема место и објекти, каде да ги сместиме? Ние како редакција се запрашавме што се случува и одговорот го пронајдовме кај граѓаните.

Наместо граѓаните, младите родители да се пожалат дека нема место каде нивните дечиња да одат во градинка, дека нема место, дека нема објекти изградено, дека наместо министерката да се занимава со тоа дека 8000 мали дечиња на возраст помеѓу 10 месеци и 5 години немаат каде да поседат и некој да ги почува за мама или тато да донесе плата плус дома за да има за јадење, облека или недај боже нов точак, нашата мила и драга министерка се зафаќа со работи од типот на спроведување на двојзичност, документите да не се утнат, да ги разбере и командантот, како да се скрати додатокот на социјално ранливите категории, како на лицата со инвалидитет да им се намали или одземе некое право или уште пострашно 22.000 многудетни семејства во Македонија како да го изгубат додатокот за трето дете кој итекако им е потребен бидејќи социјалниот статус и стандард во државата министерката не успеала да го донесе на завидно ниво за да може граѓаните од било која погоре наведена категорија да речат, не е толку потребна оваа помош и без неа се може!

Изгледа како во МТСП да владее состојбата на заспаната убавица во овој случај Министерка и дека само беше битно да се дојде на чело на институцијата, работните задачи и обврски кои доаѓат заедно со позицијата се за оние кои се за работа или дојдени со мисла да работат, ние дојдовме да направиме капитал!

Целото министертво тоне во длабок сон, се чека принцот или коњот да пристигне и да ги разбуди, затоа што вака социјала не се води, вака за категориите на луѓе кои зависат од државата и помошта од нејзините институции не се бере гајле, вака и на овој начин не се успева да се постигне напредок, вака не се ни во план дадените ветувања за време на кампања да се остварат.

Каде се правата на ранливите категории на луѓе кои се дел од ова општество и модерно живеење.

Ние граѓаните само се надеваме дека некој од институциите ќе се расони, ќе се сети на нас и дека ветувањата што ги дадоа ќе си ги исполнат од ветеното не се бега, – изјавија група на граѓани со кои разговаравме!

Човекот вреди колку што му вреди зборот, според тоа граѓаните прашаа „ колку вредиш министерке“ – ние иако сме лица со хендикеп имаме свои права!

 

Анкетата на граѓани низ главниот град Скопје ни ги даде следните резултати, на кој начин граѓаните гледаат на работата на МТСП како и на 8-те илјади дечиња и нивните родители кои се заложници на овој систем и ова владеење и несоодветно менаџирање на МТСП, каде поради лошата политика и водење на институцијата тие неможат да обезбедат плата плус во нивното домаќинство.

Да не испадне дека само се критикува, граѓаните дадоа совет до министерката, да оствари, средби и состаноци со градоначалниците на општините каде има дечиња што чекаат прием во градинка и преку јавно приватно партнерство подржано од владата и институциите да се иницира изградба на неколку објекти за згрижување на дечиња, кои во изминатиов период да се имаше ваков пристам најмалку 5 градинки ќе беа завршени и во функција. Предлогот е на маса, оставен јавно да се коментира, по него да се работи, доколку министерката го гледа како решение, доколку не, НЕКА им е ГОСПОД  на ПОМОШ на дечињата кои чекаат влез во градинките во главниот град.