Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.997 тестови, а регистрирани се 142 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 77, Битола – 22, Кавадарци, Гостивар и Струмица – по 5, Струга – 4, Велес, Охрид, Кичево, Ресен и Радовиш – по 3, Штип и Прилеп – по 2, Кочани, Куманово, Гевгелија, Делчево и Берово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (142), регистрирани се 25 реинфекции.
Регистрирани се 198 оздравени пациенти од: Скопје – 112, Битола – 24, Охрид – 12, Прилеп, Кавадарци и Куманово – по 7, Ресен – 6, Велес, Делчево и Берово – по 3, Струмица, Кичево, Радовиш, Кочани и Гевгелија – по 2, Штип, Неготино, Дебар и Валандово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (82г), починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од Скопје (1), Струмица (1) и Крива Паланка (1) на возраст од 36 до 75 години. Пријавените лица се починати во периодот 07.03-08.04.2022 година, две во болнички и едно во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица (4), кај сите се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.990.996 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.294, бројот на оздравени пациенти е 297.922, на починати е 9.260, а бројот на активни случаи изнесува 1.112