Вчера некои медиуми пренесоа одговор од министерството за здравство дека Клиничкиот центар уште вчера попладне ќе се чисти, но денеска во еден часот после пладне во Комплексот “Мајка Тереза” имаше уште повеќе ѓубре.  Дали министерството излажа по притисок на јавноста зошто директорот на ЈП ” Комунална хигиена” изјави дека од нив никој не побарал работници за  чистење на Клинички. Претходно доброволно учествувале во акции за чистење на просторот околу скопските клиники.

-Не, не никој не побара такво нешто од нас, изјави за Тв Сител Абдусамед Шабани, директор на ЈП Комунална Хигиена.

Директорот на Комунална хигиена вели дека е потребно системско решение за одржување на хигиената на Клинички. Тие немале обрска ниту договор да го чистат комплексот, а од претходно скопските клиники им останале должни над 30 милиони денари.

-Имаме заостанат долг од клиниките околу 30 милиони денари, додаде Шабани.

Ѓубрето стана главен декор на Клинички од пред неколку месеци кога министерството го поништи тендерот за избор на фирма. Половина година немаат право да распишат нов тендер па ингеренциите и ги вратија на службата за општи и заеднички работи за потребите на клиниките. Од таму велат дека за чистење немаат луѓе.