Во изјава за македонските електронски медиуми, Министерството за здравство посочи дека нема да има зголемување на цени на лекови од позитивната листа, откако беше поставено прашањето дали ќе поскапат лековите кои не се на товар на ФЗОМ.

– Станува збор за ОТЦ лекови, односно лекови што се издаваат или продаваат без лекарски рецепт, во аптеките или во продавниците за промет на мало. Цените на овие лекови на пазарот, се формираат слободно и не подлежат на регулирање, согласно позитивните прописи од областа на лековите. Во оваа категорија спаѓаат производи како што се комбинација на витамини, минерали, препарати за третман на симптоми на болка, затнат нос и слично. Значи не станува збор за зголемување на цени на лекови од позитивната листа, нагласуваат од Министерството за здравство во писмениот одговор до медиумите.