Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници.

-Во врска со пациентот кој се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница станува збор за суспектен пациент кој е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање, велат од Министерството за здравство.

Во моментов се организира епидемиолошки тим кој ќе спроведе епидемиолошка анкета.

Од Министерството додаваат дека до овој момент не е доставен материјал за тестирање во Институтот за јавно здравје и во државата нема потврден случај на мајмунски сипаници.