И по укинувањето на рестриктивните мерки, министерот за здравство, Венко Филипче, истакнува дека животот нема да биде каков што бил. Мерките, како што додаде, ќе останат се додека не се пронајде вакцина за коронавирусот.

Тој додаде дека на есен, кога се очекува нов пик, ќе има поинаква организација на многу животни процеси. Ќе остане носењето на маска, дистанца при седење во училиштата, во рестораните, на работните места, во големите производствени сали.

-Животот нема да биде ист како што беше. Не само кај нас, туку и во светот. Секоја држава има своја специфика, но, универзалните мерки остануваат, а тоа се одржувањето на физичка дистанца, носењето маски, да нема групирање. На есен, кога се очекува нов пик, ќе имаме поинакво организација на многу животни процеси. Нема исто да биде организиран и јавниот превоз. Значи, секаде ќе треба да се одржува оваа дистанца од метар, метар и половина. Тоа ќе биде така до појавата на вакцината и на таков начин да се стекне имунитет, истакна министерот Филипче.