Заменик министерот за здравство, д-р Асим Муса денеска пред Општата болница во Струга даде изјава за медиуми по вчерашната информација дека хируршкото одделение е затворено поради заболување на 50% од медицинскиот персонал од морбили (мали сипаници).
„Од 56 здравствени работници кои се вработени во ова одделение, во моментов 9 од овие 56 се заболени од морбили, додека пак 5 здравствени работници имаат прележано и се на своето работно место. Не е точна бројката од 50%, туку се заболени 16% од вработените“, изјави заменик министерот Муса.
Во Општата болница, 70% од вработените се вакцинирани. Оние кои не се вакцинирани ќе бидат вакцинирани во најкраток период со МРП вакцина. Хируршкото одделение ќе биде затворено една недела, а пациентите и понатаму ќе ја имаат потребната неопходна здравствена заштита. Тие ќе бидат испраќани во Охрид и Битола.
Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се вакцинирани вкупно 1.780 лица, од нив повеќе од 65% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.
Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 25.808. Според министерот Филипче, присилната и принудната вакцинацијата е единствената мерка за спречување на ширење на епидемијата од морбили и подигнување на колективниот имунитет, како и профитирање со договори во четири очи и вакцинација на што поголемо население за личен профит. Затоа граѓаните не го сакаат Филипче за министер!!!