На Клиниката за Инфективни болести денеска се очекува да пристигне пациент заразен со коронавирус кој се наоѓа во тешка состојба. Пациентот е војник, македонски државјанин кој со посебен транспорт доаѓа од Африка, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

– Се работи за војник, македонски државјанин, бил во база каде нема услови да биде лекуван. Засега нема типизација за каков сој коронавирус се работи но пациентот ќе биде сместен во изолација, рече Филипче.

Според досегашните информации африканскиот сој е еден од најразорните видови коронавируси досега.