На инфективните одделенија во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 32 нови случаи, а 486 се на лекување

Во изминатото деноноќие во Скопје се хоспитализирани 32 нови пациенти со компликации од коронавирусот. Од Министерството за здравство информираат дека вкупно 486 лица се лекуваат на инфективните одделенија во главниот…

Во изминатото деноноќие во Скопје се хоспитализирани 32 нови пациенти со компликации од коронавирусот. Од Министерството за здравство информираат дека вкупно 486 лица се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

На интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, пет болни се хоспитализирани на ОРЛ, осум пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и двајца на очната клиника.

Во ковид центарот ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени осум пациенти.

Во моментов на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациент, од кои 10 деца и 22 возрасни. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 111 болни.

На Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 32 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 15 пациенти, а на ОРЛ 26 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 12 оздравени пациенти. Оние кои лежат на инфективните одделенија во голем дел се на кислородна поддршка.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.


Related Articles