Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека пациентите на дијализа и оние кои имале трансплантација, ќе бидат приоритетни за вакцинација. Планот за нивното приоритетизирање ќе се направи до крајот на неделава, а за другите хронично болни, приоритет нема да има според нивната дијагноза, туку ќе се чека да им дојде редот според возраста.

– Се прават списоци врвно и приоритетно да се вакцинираат трансплантираните и пациентите на дијализа и верувам дека тоа ќе се заврши до викендот. Сите останати вработени во институциите се според планот за критична инфраструктура. Многу поголем број на вакцини има за постарите и хронично болни, а еден помал дел за институциите, рече Филипче.